Првата кампања на новиот „Живанши“

11 јули 2017

 Клер Вејт Келее името на новата креативна директорка на „Живанши“, а воедно и првата дама што се најде на чело на оваа модна куќа, барем кога е креативата во прашање.

Клер Вејт Келер; фото: Harper's Bazaar.com

После Рикардо Тиши, кој 12 години беше на оваа функција и кампањите во кои се појавија Донатела Версаче, Џулија Робертс, Џоан Смолс, Ирина Шаик и други, сите коментари одеа во насока дека задачата на Келер не е воопшто едноставна.

Првата кампања на „Живанши“ под нејзино водство излезе вчера.

фото извор: Твитер

фото извор: Твитер

Дамата одлучи да направи радикален чекор на тој начин што ќе ги изостави сите познати личности од јавниот живот и фокусот ќе го стави на младите модели.

Фотографиите се црно-бели и мошне провокативни. Моделите носат креации на „Живанши“, секако, и тоа држејќи мачки во раце.

фото извор: vogue.globo.com/Reprodução

фото извор: vogue.globo.com/Reprodução

Можеби многумина очекуваа нежност, со оглед дека се работи за креативен директор жена, но Келер покажа драматичност и мистерија.

Фотографиите успеаја да го свртат вниманието на јавноста, а зад нив се потпишува Стивен Мајсел.

фото извор: Твитер

фото извор: Твитер

Сепак, она што уште повеќе се чека е првата колекција на Клер за брендот, која ќе биде презентирана во септември во Париз.

Објавено:
11 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
159 пати