Првата празнична честитка на Меган и Хари со ќерката Лилибет

24 декември 2021

Принцот Хари и Меган Маркл вчера ја објавија својата семејна празнична честитка во која за прв пат пред јавноста се појавува и нивната шестмесечна ќерка Лилибет.

Фотографијата е направена во нивниот дом во Калифорнија, а на истата Меган, Хари и двегодишниот Арчи се стилизирани во џинс, додека малата Лилибет носи бело фустанче.

„Во оваа 2021 година, ѝ посакавме добредојде на нашата ќерка Лилибет. Арчи нѐ направи „мама" и „тато", а Лили не направи семејство", се вели во честитката и додаваат дека оваа година се посветиле на донации за организации кои помагаат за заштита на семејствата кои што биле преселени од Авганистан во Америка.

Неколку дена претходно, својот семеен божиќен портрет го објавија и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, заедно со нивните три деца принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луи.

 

Објавено:
24 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.279 пати