Априлската насловна страна на брианскиот „Вог“ е несекојдневна, а на неа се наоѓа фотографија од кралицата Елизабета Втора и тоа од нејзините помлади денови.
Ова е првпат во 70 години таа да се најде на корицата на овој престижен магазин. Поводот овој пат е во чест на нејзините 70 години на тронот на британската монархија.
View this post on Instagram
Воедно, следниот месец таа го прославува и 96 роденден, а наскоро и платинестиот јубилеј на тронот. Ова се и повеќе од доволни причини „Вог“ да ѝ посвети насловна. Инаку, тоа првпат се случило во нејзините 20-ти години, веднаш по заземањето на тронот по смртта на нејзиниот татко.
Но, не е само насловницата, новото издание е посветено на британската монархија, објава на досега невидени архивски фотографии.
View this post on Instagram
Сепак, априлското издание ќе има уште една насловна, и тоа со Ања Тејлор Џој, која на прата фотографија носи реплика од оригиналната круна на кралицата.
Од „Вог“ велат дека ова за нив е посебно важно и инспиративно издание, кое истовремено и е потврда за посебниот однос што го имаат со монархијата.
View this post on Instagram