„Раце горе“ имаат нова колекција урбани маички

21 јули 2016

Домашната урбана етикета „Раце горе" дизајнираше нова, урбана летна колекција маички.

Маичките по кратки ракави наменети за актуелната сезона, се достапни во повеќе бои (бела, црна, сива, зелена, колор блок комбинации) како и такви во пруги што се особено актуелни сезонава, и сите се брендирани со логото на етикетата.

Како дел од промоцијата на новата линија, тимот на „Раце горе" сними и видео што во суштина е и пракса во нивното промовирање на новите колекции, а маичките веќе се достапни во продажба на онлајн продавницата на етикетата.

 

 

 

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
537 пати