Модниот свет е возбуден од информацијата која одекна викендов, а доаѓа од модната куќа „Прада“. Имено, од втори април, Раф Симон се придружува на тимот на споменатиот бренд.
View this post on Instagram
Како стои во објавата, тој ќе биде рамноправен креативен директор заедно со Мијуча Прада, односно ќе биде подеднакво одговорен за креативниот придонес, но и за донесувањето одлуки во модната куќа.
-Ова партнерство, кое ги покрива сите аспекти на брендот „Прада", се роди од меѓусебното длабоко почитување и отворениот дијалог. И е взаемна одлука – се вели во соопштението.
Со доаѓањето на белгискиот дизајнер во италијанската модна куќа, се отвора ново поглавје на „Прада“ - ера на слободна размена на идеи и соработки.
View this post on Instagram
Инаку, првата колекција што двајцата ќе ја создадат ќе биде за пролет/лето 2021 година и модните инсајдери со нетрпение ја очекуваат. Ќе биде интересно да се види како ќе се спојат сензибилитетите и модните изрази на 70-годишната Прада, која веќе 42 години ја води модната куќа и 52-годишниот Симонс.
Колекцијата ќе биде претставена во септември, на следната модна недела во Милано.
Покрај ова, Раф Симонс сè уште ќе го води својот истоимен бренд, базиран во Антверп, а ќе патува почесто за Милано.