Распоред за модната недела во Њујорк

4 февруари 2014

За два дена почнува модната недела во Њујорк, а наредните неколку денови низ улиците на „Големото јаболко“ ќе можеме да ги видиме некои од најпознатите модни уредници, стилисти, дизајнери, модели, луѓе од шоу бизнисот, филмската и музичката индустрија, како и многу други гости, посетители и љубители на модата. Сите заедно ќе имаат можност да ги проследат колекциите за наредната студена сезона, есен-зима 2014.

 

 

Почнувајќи од 6 јануари, па се до 13-ти, секој ден ќе можеме да гледаме во просек по 10 модни перформанси. Модната недела ќе ја отвори Николас К, а истиот ден свој настап ќе има и БЦБГ Макс Азриа, а на 7-ми февруари ќе имаме можност да ги видиме колекциите на Цимерман, Питер Сом, Џејсон Ву, Трина Турк, Rag & Bone и други.

Третиот ден или 8-ми февруари ќе биде одбележан со модните ревии на Лакост, Прабал Гурунг, Ерве Леже, Александар Ванг, додека 9-ти, ќе биде во знакот на Викторија Бекам, Маноло Бланик, Дерек Лем, DKNY и многу други.

 

 

Петтиот ден ќе го отвори Каролина Херера, на која подоцна ќе и се придружат и Томи Хилфигер, Филип Лим, Зак Позен, а вечерта ќе ја затвори Дона Каран.  На 11 февруари со свои модни шоуа ќе не воодушевуваат моделите на Тори Бурч, J. Crew, Вера Ванг, Марк на Марк Џејкобс, Мезон Марџела.

 

 

Претпоследниот ден модната недела ќе ја отвори Мајкл Корс, а ќе можеме да ги видиме линиите на Џереми Скот, Бетси Џонсон, Проенза Шулер, Синтија Ројли и други. За затворањето свои модни перформанси ќе имаат Ралф Лорен, Џ. Мендел, Келвин Клајн и Марк Џејкобс.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Актуел