Веќе знаеме дека таа е една од девојките кои редовно сакаат да ги покажуваат своите облини на социјалните мрежи, а дека е заљубена во своето тело докажа и со фантастичната фотосесија за новото издание на британски Вог.
Светската музичка дива Ријана во интервју за магазинот вели дека никогаш не сака да ги загуби своите облини, особено задникот и колковите.
Во интервјуто за Вог таа говори и за тоа како е да бидеш жената на која сите ѝ се воодушевуваат и дека е горда што е позната по нејзиното тело онакво какво што е.
Таа позира во фантастични костими и уште подобра шминк и фризура со кои наликува на прекрасна кинеска кралица.
Покрај авангардните стајлинзи од кои дел се и креации на Александар Меквин, таа носи цветни круни, впечатливи хулахопки и кул високи чизми.
Таа се надева дека цел живот ќе остане позитивна кога е во прашање нејзиното тело и дека наскоро планира да се врати во фитнес салата, но секогаш ќе се труди да го задржи задникот.
Музичката и филмска дива говореше и за тоа дека со текот на годините станала многу пребирлива кога се пријателите во прашање и дека ретко кога ги открива нејзините тајни, а точно знае на кој да биде верна и кого не сака да изгуби.
Септемвриското издание на британскиот Вог е дефинитивно најважното, со оглед на тоа што во истото се најавуваат сите трендови и сè она што ќе се случува во модата во претстојната сезона.
Токму поради тоа, од исклучително значење е тоа што токму Ријана се појави на насловната, бидејќи таа е првата Афроамериканка фотографирана за големото септемвриско издание на престижниот магазин.
Извор и фото: Дејли Мејл