Дизајнерката со српско потекло, Роксанда Илинчиќ се враќа во родната земја, каде на 24-ти јуни ќе има своја ревија.
Како пренесува српскиот портал „Мондо“, поводот за ова случување е одбележување на 25-години работа на српската модна агенција „Modni studio Click“, кои се всушност и главните виновници за доаѓањето на дизајнерката, која со години веќе живее и работи во Лондон.
Дека ова ќе биде еден престижен настан говори и фактот дека ревијата ќе се одржи во „Белиот дворец“ во Белград, а ќе има хуманитарен карактер.
Дел од Србите ќе имаат можност одблиску да ги видат креациите што бројни познати дами ширум светот ги носат, меѓу кои Кејт Мидлтон, Мишел Обама, Кира Најтли, Ема Вотсон, Лејди Гага...
За потсетување, на Роксанда годинава ѝ беше врачена наградата „Најдобра дизајнерка за 2016 година“, како и наградата „Red Carpet Designer“ која се доделува на модниот креатор чии модели познатите личности најчесто ги одбираат на гламурозни случувања.
Британскиот моден совет во 2012 година и го додели и т.н. „Моден оскар“, додека пак, во 2014 година, модниот магазин „Хапрерс Базар“ ѝ ја додели наградата за „Деловна жена на годината“.
Во продолжение ви презентираме наш избор од дел од нејзините дизајни, што најчесто се комбинација на минимализам и смела комбинација на бои.