Сандра Цветкова сними реклама за 7up во Лондон

26 јули 2019

По неколку месеци поминати во Лондон, македонскиот модел Сандра Цветкова сними реклама за познатиот освежителен пијалак 7Up.

Таа долги години е дел од македонската модна агенција Моделс Ин, а досега има снимено голем број едиторијали и кампањи за познати македонски брендови.

Од неодамна, Цветкова е дел од модната агенција Models Plus во Лондон каде во моментов работата на надоградување на нејзиното портфолио.

Од нејзината матична агенција во Скопје ќе кажат дека таа е голем и одговорен професиналец па токму тие биле причините за огромниот успех.

„Покрај ова, нејзината неодолива насмевка, вродениот шарм и природната убавина ќе ја однесат директно во центарот на светската модна индустрија“, вели Алек Наумовски од Моделс Ин.

 

Објавено:
26 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.263 пати