„Епл ТВ“ најави нова серија која го носи насловот „The New Look“.
За модните познавачи ова е една од првите асоцијации за Кристијан Диор.
И да, серијата се осврнува и на „Новиот изглед“ кој Диор го создал пред 75 години. Некои велат дека токму со оваа силуета, со нагласена половина, сако со строг крој и широко здолниште започнува крајот на „владеењето“ на Коко Шанел, која имала поопуштени силуети и ослободување од строгите корсети.
Токму односот помеѓу Кристијан Диор и Коко Шанел и нивната разичност, како во дизајнирањето, така и во приватниот живот, ќе биде тема на серијата чиј продуцент е Тод Каслер.
Како најавуваат од „Епл ТВ+“, во серијата ќе се појават и други дизајнери современици на споменатите модни имиња - Ив Сен Лоран, Пјер Балман, Кристобал Баленсијага, Живанши и други.
Во главните улоги се Бен Менделсон (Кристијан Диор) и Жулиет Бинош (Коко Шанел). Кој ќе се придружи на овие две големи филмски имиња, како и кога би можеле да очекуваме премиера, не се открива уште.
За уживачите на модата, оваа најава веќе буди голем интерес и возбуда.