„Second hand“: за едни отпад за други богатство

5 март 2014

За македонскиот менталитет на купување увезена користена облека сме пишувале дека некако полека ја прифаќаме но, со присутни низа предрасуди во врска со неа. За разлика од кај нас, во светот и тоа како се продава, купува и користи „секндхенд“ облека. Кога за едни етикетираните парчиња се за во ѓубре, за други тие претставуваат вистинско богатство. Странскиот сајт thredup.com кој се занимава со онлајн продажба на брендирана користена облека, објави резултати од анализите на продажба, направени за изминатата 2013 година. Според нив бројот на луѓето што ја продаваат, но и на оние што купуваат се повеќе се зголемува.

Па така, во 2013-та  од 10 градoви во Америка бил направен профит од 1,8 милиони долари. Според истражувањето меѓу градовите каде најмногу се купува ваква облека се вбројуваат: Сан Франциско, Њујорк, Сиетел, Чикаго и Лос Анџелес. Во просек, разликата на цената на едно парче кога се промовира и кога се продава по вторпат е пониска за 75 проценти, а меѓу најкупуваните второкласни парчиња се оние на: Дијан вон Фустенберд, Марк Џејкобс, Ребека Тејлор, Топшоп, Зара и уште многу други. Инаку, на овој сајт ќе најдете брендирана машка, женска и детска облека, како и голем избор на аксесоари.

 

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Актуел