„Секој ден е празник“ со Кејти Пери и H & M
•
10 ноември 2015
Деновиве светските брендови почнаа да ги објавуваат своите новогодишни кампањи, а омилените H & M за својата ја најмија Кејти Пери.
Целата реклама ќе биде достапна за јавност на 23 ноември, а креативниот тим на брендот засега ги објави само фотографиите.
Во рекламната кампања, пејачката се појавува како вила и го претвора целиот град во магични ликови... од новогодишните бисквити прави луѓе, подарува огромни подароци на ролерки, им дели мечиња на сите деца и што уште не.
Сосема нормално, насловната песна „Секој ден е празник“ за рекламата ја изведува Кејти Пери, а продуцент на истата е Дук Думонт.
Засега, погледнете ги фотографиите од кампањата во исчекување на целосната реклама.