Дејвид и Викторија Бекам завчера во Лондон го собраа своето семејство на промоцијата на фото-книгата „What I see", на нивниот највозрасен син Бруклин, кој ја добива нивната безрезервна поддршка.
За медиумите ова беше одличен повод да ги фотографираат родителите со тројцата синови, а во семејниот портрет единствено недостасуваше малата Харпер.
Во кругот на најблиските пријатели кои присуствуваа на промоцијата беа и Лив Тајлер и Анаис Галагер, која за Бруклин вели дека го чувствува како брат.
Инаку книгата содржи и приватни фотографии од животот на семејството, како форма преку која 18-годишниот Бруклин се изразува како го гледа светот околу себе.
Тој важи за еден од најпопуларните тинејџери на глобално ниво. Има огромно влијание особено на социјалните медиуми, на Инстагарм го следат 9 милиони фанови, како модел се појавил во повеќе престижни списанија како New York Times, Style Magazine и Man About Town, но исто така бил ангажиран и како фотограф за познати модни брендови, меѓу кои и кампањата за Burberry Brit.