Семејството Живанши на насловната на Вог
•
23 јуни 2015
Рикардо Тиши заедно со своето Живанши семејство ќе се најдат на насловната страна на јапонскиот Вог за месец август.
Во ова елитно семејство на фотографијата, помеѓу другите се и Кендал Џенер, Џесика Честен, Кање Вест и Џоан Смолс облечени во темни аутфити од последната колекција, драматично финиширани со племенските модни украси на лицата.
Фотографијата ја потпиша фотографското дуо Луиџи и Ианго.