Овој викенд Елена Лука ви подготвува ексклузивни попусти!
Една од најбараните колекции, линијата „Denim" овој викенд (18-20 октомври) ќе биде достапна со 30% попуст, што е одлична можност да ги набавите вашите омилени џинс парчиња со супер цени.
Колекцијата е достапна во продажба во ателјеата на брендот, како и на онлајн продавницата на Елена Лука каде може да ја погледнете комплетната богата понуда.
Безвременскиот џинс ужива култен статус во модниот свет, независен од актуелните тенденции и затоа инвестицијата во џинс парчиња е секогаш вредна и исплатлива.
„Denim" линијата на Елена Лука вклучува широк избор на тексас јакни, елеци, фармерки во различни кроеви, декорирани со детали што ја акцентираат нивната посебна естетика.
Џинсот наоѓа примена во сечиј стил и во различни стилски целини, па може да го комбинирате и во дневен, кежуал, но и во поелегантен, женствен изглед.
Ние ви посочуваме неколку различни варијанти како може да го имплементирате во вашиот имиџ оваа есен.
Уживајте во шопинг викенд заедно со Елена Лука!