Поканети сте на есенска свадба и не знаете што да облечете? Без грижи, тука сме да помогнеме.
Летната сезона на венчавки е официјално затворена, а свадбените прослави организирани во есенскиот помирен и постуден период со себе носат малку поинаков шарм и бараат поинаква естетика.
Фото: Pinterest
За овие пригоди практиката да се носат лелеави и цветни летни фустани е секако намалена, па иако не постои никакво правило, едноставно временските услови некогаш наметнуваат промена во гардеробата која ја планираме како гости на свадба.
Фото: Pinterest
Доколку се најдете на листата на поканети гости на есенска свадба, би било одлично однапред да имате на ум што можете да искмбинирате за да ви биде еднакво топло и удобно, без притоа да страда вашиот стил.
Фото: Pinterest
Долги фустани од подебели материјали; комбинација на фустан со блејзер, елегантно болеро или посвечен модел на јакна; комбинации со одело; комбинезони, како и комбинации од здолниште и кошула се само неколку примери за роа што можете да облечете за една есенска свадба, во зависност од стилот на самата прослава.
Фото: Pinterest
Во прилог ви нудиме неколку одлични инспиративни предлози.
Фото: Pinterest