Ако можеби сте на одмор во Италија, ние ви нудиме одличен водич што да посетите освен актуелното место на одржување на миланската модна недела. Најмодерниот град, на листата за посети издвојува од винтиџ продавници до најлуксузните хотели и барови. Откријте каде да одите на коктел или на вкусна паста, а потоа во еден од најубавите паркови да се релаксирате со утринска прошетка или џогинг.
За љубителите на винтиџ модата
Има повеќе причини зошто ја сакаме винтиџ облеката. Нема ништо подобро од тоа да најдете некое брендирано парче за ефтина сума. Продавницата која го носи името Cavalli E Nastri има ризница на винтиџ парџиња па дури и такви од 1800-та година.
Каде да престојувате- Хотел Principe de Savoia
Доколку можете да си допуштите да престојувате на вакво место, ние ви го предлагаме токму овој луксузен хотел, каде богатството и луксузот се со преден план. Мермерните бањи и чешмите од злато ќе ве навратат кон 19-ти век, додека блескавиот бар на хотелот е центарот на забавите по завршување на ревиите од модната недела. Таму се собираат сите дизајнери, модни уредници, блогери, манекенки.
Како да ја задржите вашата енергија?
За утринска релаксација ви го препорачуваме најубавиот парк Parco Sempione, кој ќе ги наполни вашите батерии доколку сте растрчани низ овој историски богат град.
Време за ручек во вила Vittoria
На само половина час од Милано ќе ја најдете оваа вила сместена веднаш до езерото Комо. Многу одамна токму на ова место имало градина покриена со свилени буби, каде се произведувал еден од најпознатите материјали-свилата. Дури и да е само за една ноќ ова место вреди да го погледнете и да уживате во погледот кон езерото.
Каде да пиете и слушате џез?
Giacomo Arengario е барот во кој ќе уживате додека пиете специјален коктел и слушате џез музика во живо. Освен тоа во ова место има нешто магично, посебно поради погледот кон Катедралата Дуомо.