Со оглед на тоа дека сме вљубеници во егзотичните принтови на Африка, матурантките од оваа земја сосема нѐ воодушевија.
Но, не сите африкански ткаенини се исти, па со самото тоа младите во оваа земја не се униформирани. Според африканската дизајнерката Бусајо Олупона, која дизајнира за BusaoNYC, принтовите на фустаните што ќе ги видите во текстот, најчесто се носат во Западна Африка.
Како објаснува таа, повеќето од ткаенините имаат восочни принтови.
-Нивниот состав е стопроцентен памук и имаат неколку заменливи имиња како Dutch Wax Print, Wax Print or Ankara (што е нигериски термин) – изјави дизајнерката за BuzFeed.
Двојката на фотографијата носи т.н. „кенте“ облека, изработена од еден тип на маеријал што го претставува племенското наследство на Гана.
-Историски, боите и принтовите имаат одредено значење и ткаенините се ткаеле, но сега принтовите се прават машински. Она што е исто така интересно за овие фотографии е дека мажите исто така се вклучуваат во „играта“, на тој начин што модните додатоци како вратоврски, шамивчиња и сл., се направени токму од споменатите материјали – објаснува Бусајо.
Овој изглед потсетува на она што Нигерците го викаат Асо-Еби. Со тоа се означува дека се работи за важен повод, а роднините на славеникот ги одбираат материјалите и го осмислуваат изгледот. Исто така, тие ја шијат комбинацијата, а во такви случаи најчесто се користи свилата, каква што носи девојката на фотографијата - вели дизајнерката.
Во галеријата погледнете ги и остантите креации што ги издвоивме:
Кога сме кај афричките матурантки, внимание ни привлече уште една приказна. Се работи за Кајемах Мекентире, која има африканско потекло, но средното училиште го завршува во Њу Џерси.
Кајемах Мекентире
Таа беше матурантка минатата година, но нејзината приказна сѐ уште се раскажува.
Во текот на средношколските денови, Кајемах била жртва на булинг, особено поради тоа што била „поинаква“ од нејзините соученици, односно имала поинаква боја на кожата и коса.
Затоа, за да докаже дека не се срами од своето потекло, оваа млада девојка го дизајнирала својот фустан, кој е токму во веќе посочениот стил, со восочни принтови и интересни бои.
Горда на тоа од каде потекнува, Кајемах ја освои и титуалта „Матурска кралица“ за најдобро облечена и најубава матурантка, а нејзината приказна ја пренесоа голем број светски медиуми.
По завршувањето на училиштето, таа продолжи да се занимава со дизајн, а има и голем број следбеници на социјалните мрежи.