Грациозни и елегантни, двете водителки на емисијата „Везилка", Ирена Спировска и Адријана Алачки ги заслужија сите комплименти, стилизирани во екстравагантни тоалети од ЕЛЕНА ЛУКА.
Досега имавме можност да ги видиме во неколку различни изданија и двете стилски компатибилни, во впечатливи модели на нашиот бренд, што секоја емисија го освојуваат вниманието на телевизиската публика.
Меѓу безвременска и авангардна, секоја тоалета има своја приказна „извезена" во уникатен стил, прилагоден на личниот сензибилитет на познатите дами и на целиот телевизиски концепт, целина за која треба вистински професионален пристап за да се постигне.
Во последната емисија видовме две атрактивни верзии на безвременската црна тоалета според дизајнерската замисла на ЕЛЕНА ЛУКА.
Ирена на себе носеше елегантен црн макси фустан, навезен со украсни детали во комбинација со тантела. Во крој што суштилно ја следи силуетата, овој модел совршено ѝприлега на Ирена.
Адријана во исто толку атрактивен модел, на преклоп како особено актуелен тренд, а струкот е нагласен со ремен – детаљ што ја дефинира неговата елегантна естетика.
Во продолжение погледнете уште неколку впечатливи модни изданија на двете дами, стилизирани во ЕЛЕНА ЛУКА.