Сите на стартна позиција: Почнува Париска модна недела

25 февруари 2014

Модната „треска“ која што ги диктира зимските трендови, својот пат го продолжува со полна пареа. Претставниците на модната индустрија, блогерите, дизајнерите уредниците, ѕвездите и љубопитните модни фанатици повторно ги спакуваа своите модни „соништа“, стилови и ентузијазам, за да го посетат градот на светлината, Париз. Во француската престолнина, токму под закрила на Ајфеловата кула од денес 25 февруари, па се до 5-ти март француските дизајнери ќе имаат можност да ги претстават своите модни приказни на модната недела и ќе се обидат да ги освојат симпатиите на присутните, како што тоа до сега го правеше најмодниот град на планетата земја, Милано.

Енергичниот Њујорк, романтичниот Лондон , а особено модерниот Милано, наметнаа еден брз моден ритам и темпо кое се очекува градот на најпознатите кројачи во историјата да го надмине во целост. Кулминативната точка е секако на врвот, а Парижани мораат да понудат спектакуларна модна недела, која што треба да биде еден вид загревање за она што ќе се случува после нејзиното завршување, стартот на модната недела во градот на ангелите, Лос Анџелес. Во продолжение погледнете дел од најеминентни модни куќи и имиња кои ќе бидат дел од Париската модна недела.

Модната недела на 25 февруари, денес ќе ја отвори  кралот на кашмирот, модниот бренд која дизајнира облека и за мажи и за жени Luciene Pellat Finet, а во текот на денот свои модни перформанси ќе имаат дванаесет модни етикети, меѓу кои најпопуларен е Ентони Вакарело. Следниот ден или 26 февруари продолжува со иста агенда. Како најпопуларни за овој втор ден ќе ги издвоиме Гај Ларош, Дрис Ван Нотен, Рошас и Вионе. Третиот ден од Париската модна недела ќе биде обоен со колекциите на Баленсијага, Ен Демулеместер, Балман, Нина Ричи и Ланвин. Модниот караван на 28 февруари ќе треба своето внимание да го насочи кон Кристијан Диор, Изабел Марант, Соња Рикел и Мезон Мартин Марџела. Петтиот ден на модната недела, а прв од месецот март ќе биде резервиран за Хајдер Акерман, Виктор и Ролф, Вивиен Вествуд, Жан Пол Готје и Олимпија Ле Тан. Наредниот ден своите модни бајки ќе ги раскажат Кензо, Селин, Клое, Џон Галијано и Живанши. На седмиот ден од модната недела со свои модни шоуа ќе не почестат Стела Мекартни, Џамбатиста Вали, Емануел Унгаро, Ели Саб и Сен Лоран. Претпоследниот ден ќе биде во знакот на Шанел, Валентино и Александар Меквин, додека честа да ја затвори модната недела им припадна на Луј Витон, Миу Миу и Ермез.

25. февруари:

10.00 - Lucien Pellat Finet

11.00 - Moon Young Hee

12.00 - Corrie Nielsen

13.00 - Christine Phung

14.00 - Tex Saverio

15.00 - Pascal Millet

16.00 - Dévastée

17.00 - Cedric Charlier

18.00 - Anthony Vaccarello

19.00 - Aganovich

20.00 - Julien David

21.00 – Jacquemus

26. февруари:

10.00 - Christophe Lemaire

11.00 - Damir Doma

12.00 - Guy Laroche

13.00 - Nicolas Andreas Taralis

14.00 - Felipe Oliveira Baptista

15.00 - Dries Van Noten

16.00 - Alexis Mabille

17.00 - Rochas

18.00 - Gareth Pugh

19.00 - Undercover

20.00 – Vionnet

27. февруари:

09.00 - Balenciaga

11.00 - Carven

12.00 - Manish Arora

13.00 - Ann Demeulemeester

14.00 - Sharon Wauchob

15.00 - Balmain

16.00 - Barbara Bui

17.00 - Nina Ricci

18.00 - Rick Owens

19.00 - Christian Wijnants

20.00 - Lanvin

21.00 - Gosia Baczynska

28. февруари:

09.00 - Yang Li

10.00 - Roland Mouret

11.00 - Chalayan

12.00 - Issey Miyake

13.00 - Julien David

14.30 - Christian Dior

15.30 - Isabel Marant

16.30 - Sonia Rykiel

17.30 - Vanessa Bruno

18.30 - Maison Martin Margiela

19.30 - A F Vandevorst

20.30 - Yohji Yamamoto

01. март:

09.30 - Junya Watanabe

10.30 - Haider Ackermann

11.30 - Tsumori Chisato

12.30 - Martin Grant

13.30 - Viktor & Rolf

14.30 - Acne Studios

15.30 - Véronique Leroy

16.30 - Vivienne Westwood

17.30 - Comme Des Garçons

19.00 - Jean Paul Gaultier

20.00 - Maiyet

21.00 - Olympia Le Tan

02. март:

10.00 - Kenzo

11.00 - Andrew Gn

12.00 - Maxime Simoens

13.00 - Céline

14.00 - Pedro Lourenço

15.00 - Maison Rabih Kayrouz

16.00 - Chloé

17.00 - John Galliano

18.00 - Akris

19.00 - Ter Et Bantine

20.00 – Givenchy

03. март:

10.00 - Stella McCartney

11.00 - Sacai

12.00 - Léonard

13.30 - Giambattista Valli

15.00 - Emanuel Ungaro

16.00 - Elie Saab

17.00 - Veronique Branquinho

18.00 - Amaya Arzuaga

19.00 - Léa Peckre pour la maison LEJABY

20.00 - Saint Laurent

04. март:

09.30 - Fatima Lopes

10.30 - Chanel

11.30 - Agnès B.

12.30 - Jean Charles De Castelbajac

13.30 - Valentin Yudashkin

14.30 - Valentino

15.30 - Junko Shimada

16.30 - Iris Van Herpen

17.30 - Shiatzy Chen

18.30 - Paul & Joe

19.30 - Alexander McQueen

05. март:

10.00 - Louis Vuitton

11.00 - Masha Ma

12.00 - Moncler Gamme Rouge

13.00 - Allude

14.00 - Miu Miu

16.00 - Hermès

17.00 - YDE

Објавено:
25 февруари 2014
Категорија: 
Актуел