Скарлет Јохансон ѕвезда во нова кампања за Прада

19 мај 2023

Брендот Прада во својата нова кампања повторно ја претставува култната чанта Galleria, којашто за прв пат се појави во 2007-ма.

Креативен директор на кампањата која што е насловена The Glass age, е уметникот Алекс Да Корте, кој има венецуелско и американско потекло, додека главна ѕведа е популарната актерка Скарлет Јохансон.

Според Да Корте The Glass age се однесува на прозорците кои се секаде околу нас, во канцелариите, на нашите компјутерски екрани, кон нашите желби...

Сè е уредено и обоено според стилот на легендарниот Енди Ворхол и наликува на колор-блок земја на чудата.

Чантата е претставена во осум специјални модели коишто се разликуваат по комбинацијата на боите и геометриските решенија.

Galleria е достапна од денес на веб страната на Прада и во одбрани бутици ширум светот.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (prada)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (prada)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (prada)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada (prada)

Објавено:
19 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
608 пати