Скопје Стрит Фестивал

10 јуни 2013

Изминатиов викенд во Градскиот парк се одржа Скопје Стрит Фестивал 2013. Соединување на младите и нивно урбано будење, беше годинешното мото на фестивалот. Младите од повеќе скопски маала, се собраа да се дружат на ролерки велосипеди и скејт борд, креативно цртаа графити, играа брејкденс, а целта на дружењето беше преку улицата да се едуцираат младите за социјалната и општествената одговорност, еко-свеста и мултиетничката толеранција.

 

 

Тимот на fashionel беше дел од фестивалот, а во продолжение погледнете ја галеријата од тамошната атмосфера и изгледите на дел од присутните.

 

 

Објавено:
10 јуни 2013
Категорија: 
Актуел