Скопскиот моден викенд во знакот на младите креативци и сензуалната геометрија

24 септември 2014

Најновото од 20 дизајнери и модни куќи, гости од странство и едукативни проекти, се само дел од десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје. Настанот ќе го отворат дизајнерот Јован  Петровски со брендови SQUIRE, Blackout и Јована Филиповиќ со најновата колекција за пролет‐лето 2015, во мултимедијалниот центар „Мала  Станица“ во Скопје, додека втората вечер е резервирана за  „Vibrazioni  by  Aleksandra Mitkovska“ во ноќниот клуб „Станица 26“ со колекцијата за пролет‐лето 2015.

Викендот на 25-ти и 26-ти октомври ќе продолжи во салонот Ауди‐Порше Македонија. Во тој амбиент ќе ги видиме: Лидија Георгиева, Оливера Штакоска, Ирина Тошева, Никола Петровски, Le Brand, Стефанија Насеска и Олгица Ѓоргиева.

Премиерно ќе се претстават модната куќа HERA, Инес Шабан, „JZJ by Zlatko Jovanovski“ и „Kufer by Andriana  Dineva“, a за најмладите кои следат мода дел од програмата ќе биде и модната продавница Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на „Софиленд“ ќе гостуваат децата со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“ од Скопје со цел нивна подобра интеграција во социјалниот живот.

И оваа есенско издание предвиден е едукативен дел. Во организација на Моден викенд Скопје и Британски Совет во Македонија,  Ребека  Рој, модна  уредничка  и  една  од  водечките  британски  стилистки, ќе одржи работилница за модни блогери и фотографи насловена „Модно  блогирање“. Со поддршка од Министерството за култура предавање ќе одржат Роберт Кавел Кларк од онлајн платформата за дизајнери „Not Just А Label“, како и Кендал Робинс програмски менаџер за мода во Британски совет Лондон. Моден викенд Скопје започна интернационална соработка, па така  по гостувањето на Росица Мршиќ на модната недела во Нови Сад во април годинава, по принцип на размена, гостува дизајнерката Марина Миќановиќ, која ќе презентира колекција во просториите на Ауди‐ Порше Македонија, а Ирина Тошева заминува на претстојното издание во Нови Сад.

По претставувањето на „Mcouture  by  Mila  Kadriu“ на Prishtina Fashion Night во април годинава, на десетто издание ќе гостува Флутура Дедиња од Приштина, препознатлива по својот специфичен дизајн. Во соработка со Belgrade Fashion Week во рамките на проектот „Зона 45“, десеттото издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори ексклузивната ревија на српската  дизајнерка Ивана Пиља која соработува со светски познати имиња како Лили Ален, Дита  Вон Тис и многу други.

Шоуто на Пиља ќе се случи на 27-ми октомври во Телеком иновацискиот центар во Скопје. На претстојниот Belgrade Fashion Week публиката ќе ја види колекцијата на дизајнерката Лидија Георгиева.

Најновото од Росица Мршиќ ќе го видиме во продолжение на Моден викенд Скопје, на 31-ви октомври, но начинот на презентација, дизајнерката го остава како изненадување до самиот крај.

„Mcouture by Mila  Kadriu“ во организација  на Моден викенд Скопје ќе ги изненади љубителите на нејзините креации со ексклузивна ревија кон крајот на ноември.

Веднаш по ревиите, продажбата на колекциите продолжува и оваа сезона но овој пат најбрзо и наједноставно во Lotus Design Store.

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Актуел