Софија Лорен (88) дама во бел костум на отворањето на нејзиниот нов ресторан во Милано

12 октомври 2022

Непосредно по 88-от роденден, во понеделникот, иконата на италијанската кинематографија, Софија Лорен, присуствуваше на отворањето на нејзиниот нов ресторан во Милано.

За приликата, Лорен беше стилизирана во бел елегантен костум во комбинација со црни чевли, а главниот акцент беше на дијамантскиот накит. И овојпат како вистинска дама, позираше на црвениот тепих, уште еднаш потврдувајќи го својот статус на безвременска модна икона.

Инаку, ресторанот кој го носи нејзиното име, нуди посебно искуство во амбиент кој претставува вистински времеплов низ кариерата на Лорен, со бројни фотографии и портрети интерпретирани во ентериерот во различни формати. Менито изобилува со традиционална, но ексклузивна италијанска храна што доживувањето го прави комплетно.

Покрај овој, актерската ѕвезда е сопственичка на уште еден ресторан во Фиренца.

Фото: Daily Mail/Getty images

Објавено:
12 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.185 пати