Софија Вергара изгледа фантастично во егзотична кампања на Долче и Габана

22 април 2020

Колумбиската актерка Софија Вергара е новото лице на италијанскиот двоец Долче и Габана, за кампањата во која таа ја промовира линијата чанти „Devotion".

Не е изненадување што луксузниот бренд ја ангажираше егзотичната убавица за својата нова кампања, со оглед на нивното долгогодишно професионално пријателство и земајќи ја предвид големата популарност на Вергара која според „Форбс" е најплатената телевизиска акатерка за 2019 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) onApr 20, 2020 at 11:44am PDT

Егзотиката на Вергара совршено му прилега на фантастичниот пејсаж на Медитеранот каде и е направена фотосесијата, па резултатот е и повеќе од воодушевувачки. Фотографиите носат свежина, смирувачка енергија и мирис на море, а во фокусот ги поставуваат ексклузвните чанти што доаѓаат во неколку бои и дезени, со тенко златно синџирче во функција на рачка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hood Couture Magazine (@hoodcouturemag) onApr 20, 2020 at 1:02pm PDT

„Горда сум што станав дел од семејството на Долче и Габана и што имам прилика да соработувам со нив за кампањата што ја слави чантата „Devotion", напиша актерката под фотографиите што ги објави на својот Инстаграм профил.

Инаку по 11 години поминати на филмски сет за серијата „Modern family", каде Вергара го толкува ликот на Глорија Делгадо, една од главните улоги, месецов екипата се збогува со закружувањето на последната епизода од 11-та сезона.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by contessa Francesca Di Parma (@contessafrancescadiparma) onApr 20, 2020 at 2:10am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TREASURY OF LUXURIES (@cabinet.12) onApr 20, 2020 at 12:53am PDT

Објавено:
22 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
367 пати