Соланж Ноулс е новиот уметнички директор на Пума!

22 ноември 2013

 

Првата колекција на модели дизајнирани под раководство на Ноулс се инспирирани од земјата на боите, Бразил, а ќе бидат лансирани во февруари 2014 година.

 

 

Фотографијата со нозете кои излегуваат од водата и носат колоритен модел на патики, Соланж ја постираше на своите социјални мрежи со цел на своите фанови, па и на светот да им ја открие новата улога како уметнички директор и креативен консултант на една од најголемите компании за производство на спортски обувки, Пума.

 

 

Дека сестрата на Бијонсе, отсекогаш имала страст и чувство на мода не е нешто кое допрва го откриваме, она што е мошне впечатливо во нејзините модни визии се токму екстремните фантазии на бои и склопот на модни парчиња кој целосно го нагласуваат нејзиниот афро стил. Спектарот на живите бои и нејзиниот слободен дух, како и креативниот пристап се нејзин заштитен знак кои придонесуваат одговорните на Пума да се изјават дека новата линија ќе направи вистински БУМ на пазарот низ светот. Дали Соланж ќе ја оправда довербата која и е дадена останува да почекаме до февруари. Во меѓувреме еве дел од фотографиите кој специјално за новата колекција ги сликаше познатиот фотограф Мајкл Крафт.

 

 

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Актуел