Вчеравечер, во хотелот Александар Палас, ЕЛЕНА ЛУКА имаше гламурозно претставување со своја спектакуларна модна ревија на Виенскиот бал. Целиот раскош и убавина што самиот настан како Виенски бал го носи со себе, совршено соодветствува со луксузот на модниот свет што ЕЛЕНА ЛУКА го создава, па затоа повторно и оваа година нашиот најдобар моден бренд беше дел и со гордост се претстави во блескаво издание.
И не само што модната ревија беше своевиден ексклузивитет на вечерта, туку и голем дел од присутните дами грациозно и отмено носеа креации од ЕЛЕНА ЛУКА, меѓу кои како и секогаш до сега прекрасната Вера Мештеровиќ којашто беше водител на настанот и ја носеше една од најлуксузните креации на брендот.
Меѓу покровителите на овој настан беше и Австриската амбасада во Скопје, предводена од господинот Мартин Памер и неговата сопруга Аида Памер, коишто уживаа и беа многу среќни што се дел од Виенскиот бал во Македонија, и некриејќи ги воодушевувањата од целата организација и прекрасната модна ревија на ЕЛЕНА ЛУКА, поразговараа со нас и ни ги споделија своите впечатоци и емоции врзани за Македонија, Виенскиот бал и модната магија на ЕЛЕНА ЛУКА.
За ова и за многу повеќе детали, за тоа кој сѐ носеше креации од ЕЛЕНА ЛУКА, за раскошот на вечерта и убавините што ЕЛЕНА ЛУКА со својата работа и соработка со Виенскиот бал ги носи, следете нѐ, објавуваме наскоро.