Среќна седумка за Наталија Водјанова

15 јануари 2015

После кратката пауза на професионален план, моделот Наталија Водјанова, повторно се враќа на модната сцена и тоа како заштитно лице во рекламната кампања на Стела Мекартни. Шармантната Русинка по седми пат во нејзината кариера ги брани боите на оваа модна куќа.

Последен пат кога Водјанова се појави во кампања на Мекартни беше во 2013 – та година, а потоа британската дизајнерка ги ангажираше Суви Копонен, Кихару Окунуги и Кејт Мос. Сè чини дека „Руската Пепелашка“ навистина и недостасуваше на дизајнерката.

Сетот за фотографирање на новата рекламана кампања е со локација на сончевата и егзотична Ибица. Во првиот кадар можеме да ја видиме Наталија која стои на брегот од морето, а на другиот дел од фотографијата ја гледаме како во прегратки држи неколку чанти Falabella. Кампањата вбројува шест фотографии кои официјално ќе бидат промовирани во светските списанија во месец март.

 

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Актуел