Старуваше првата Модна недела во Штип

26 септември 2013

Со две модни ревии на модните брендови Астибо Бејзик и Гламур и со ноќен шопинг, денеска старуваа првите Денови на мода во Штип.

Градоначаникот им посака добредојде на гостите и официјално го прогласи  четиридневниот настан за отворен.

"Ако за Штип велеа дека е градот на младоста, тогаш јас ќе кажам дека ова е и град на модата", кажа Илчо Захариев во своето свечено обраќање пред публиката.

Со оглед на тоа дека ваквите модни случувања веќе се децентрализираат од Скопје и низ другите градови во Македонија, и имајки го во предвид фактот дека ова е премиерно издание на Денови на модата во Штип, интересот на публиката за настанот е очигледен.

Утре настанот продолжува со презентирање на колекциите за актуелната сезона есен-зима 2013/14 на Албатрос, УГД и Виба, а следниот ден односно во сабота на 28-ми септемврии свои модни ревии ќе имаат Дизајн-С, Астибо и Баргала.

 

Утрешниот ден ќе финишира со забава на модниот портал fashionel во Angels Cafe, а во меѓувреме очекувајте многу фотографии, импресии и ажурирано проследување на сите новости.

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Актуел