Сте ја виделе ли најновата реклама на Ванг?

5 декември 2014

alexander-wang-denim01

Кога еднаш ќе ги видите, нема да престанете да мислите на нив – вели Александар Ванг. Ова е мисла од неговата најнова реклама за колекцијата фармерки со негов потпис. Ванг дефинитивно знае како да привлече внимание.

Да го нема натписот Denim X Aleksandar Vang, нема да знаете точно за што се работи.

Тој се одлучи да направи провокативна реклама, што предизвика многу реакции на светско ниво, што и била неговата цел. Ана Еверс моделката која се согласи да биде заштитно лице, а со тоа и да се фотографира гола и во поза за мастурбација, со дизајнираните фармерки.

alexander-wang-denim00

- Пазарот е преполнет, тоа сите го знаеме. Сакав фотографии што ќе провоцираат – изјави дизајнерот и тоа и го доби.

И покрај тоа што во текот на модната историја контроверзните реклами не се ништо ново, овие фотографии навистина кренаа врева.

-Поместувањето на границите е добра стратегија за бизнис – искрен е дизајнерот.

На осми декември во продавницата на Ванг во Њујорк ќе биде достапна целата колекција, како и на веб страната.

Погледнете дел:

alexander-wang-denim02

alexander-wang-denim03

alexander-wang-denim04

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Актуел