По фамозната насловна страна на престижното септемвриско издание кое го красат супермодели, јапонскиот Вог реши повторно да биде најозборувана тема во модните кругови и тоа благодарение на новиот едиторијал, во кој главните улоги ги имаат токму моделите од насловната страна.
За потребите на снимањето беа ангажирани три генерации на модели, почнувајќи од модните икони на 90-тите, оние кои го одбележаа почетокот на 21 век, па се до моделите кои денес владеат во модната индустрија. Пред објективот на амбициозното фотографско дуо Луиџи и Ланго (кое се повеќе ја освојува модната публика) позираа Каролин Марфи, Клаудија Шифер, Ева Херцигова, Керен Елсон, Линда Евангелиста, Малгосија Бела, Маријакарла Босконо, Наоми Кемпбел, Наташа Поли, Стефани Сејмур и Саскиа де Браун. Стајлингот го потпишува Џована Батаглија, а ние не се сомневаме дека септемвриското издание на јапонскиот Вог е вистинско мало богатство, кое ниту еден моден магазин нема да може да го надмине со своите содржини и фотографии.