Томи Хилфигер нè враќа во 1990-тите
•
14 април 2016
Хејли Болдвин и Лаки Блу Смит се главните лица на новата кампања на брендот „Томи Хилфигер“.
Тие се облечени во парчињата од новата капсулна колекција џинс, која нè враќа во времето на 1990-тите, кога џинсот апсолутно владееше.
Ова мини патување во минатото го презентира преку модернизирани фармерки, кратки панталончиња, предимензионирани тексасни јакни...
Инаку, парчињата се изработени од погруб џинс, а колекцијата вклучува и памучни маици со препознатливи мотиви од брендот.
Зад фотографиите се потпишува Брајант Еслава, а колекцијата е достапна и онлајн.