Благодарение на големиот број гласови на социјалната мрежа Фејсбук, тројцата македонски претставници за престижните бугарски интернационални награди EIRENE 2014: модната куќа Елена Лука, дизајнерката Олгица Ѓеоргиева и модниот креатор Бобан Илиевски, влегоа во потесниот втор круг и во ранг листата од топ 10.
Гласањето кое траеше до 12 часот денеска, им обезбеди место на сите три македонски модни претставници помеѓу модни куќи и дизајнери од категоријата која вклучува повеќе земји од Европа вклучително и Русија.
Гласањето во вториот круг започнува од утре и ќе трае до 30 јуни кога ќе се селектираат тројцата најдобри во секоја категорија, додека финалниот трет круг е од 6-ти до 16-ти јули кога и ќе бидат прогласени и десетте победници во секоја од категориите.
Оваа година настанот обележува 10 години од постоењето, а токму тој број беше и причината да се издвојат 10 категории кои вклучуваат награди по различни модни сегменти. Издвоениот буџет односно паричниот награден фонд за победниците вкупно изнесува 100 илјади евра