Актерката Лупита Нјонго на годинешното издание на Оскарите, што се одржа неодамна, се појави во рачно изработен фустан од бисери, со потпис на Келвин Клајн. По се' изгледа дека вредноста на фустанот, што се проценува на 150 илјади долари, била доволна причина за некој да го украде, непосредно после манифестацијата.
Она што е познато досега е дека фустанот е украден од собата на актерката од хотелот Лондон во Вест Холивуд во вторникот. Креацијата изработена по нарачка содржи 6.000 бисери, а во полицискиот извештај стои дека неговата вредност е 150.000 долари.
Од сајтот AmericanPearl.com, што се занимава со онлајн продажба на луксузен накит, пресметале дека вредноста на бисерите изнесува околу еден милион долари, ако се продадат на големо, или на аукција околу 10 милиони долари. Но, со оглед на тоа дека се работи за бисери нема сомнение дека вредноста може да биде и поголема.
- Според анализите, потребни се преку 100 нишки од бисери со дијаметар помеѓу 4 и 7 милиметри за да се создаде овој фустан. Природните бисери со оваа големина и квалитет на пазарот чинат околу 10.000 долари по бисер, вели Хајди Коен, маркетинг директор на American Pearl.
Таа нагласува дека дизајнерот Коста уверува дека сите бисери се потполно природни. „Фустанот бил проценет на 150.000 долари, но ова е просечната цена на вештачки одгледуваните бисери. Знаејќи колкава е цената на природните бисери со ваков квалитет, цената на фустанот е многу повисока, поради што тој се нашол на мета на крадците.
Истрагата за фустанот е во тек.