Многумина го препознаваат како еден од највпечатливите ликови во уличната мода, но Џастин О'Ши има и други „супер моќи".
Откако ја напушти позицијата на креативен директор во брендот Бриони во 2016 година, Џастин се посвети на создавањето на свој сопствен бренд.
Новите вести се дека оваа година и официјално тој го лансира својот бренд за машка облека SSS World Corp.
Светската јавност ќе има можност да ја види неговата деби колекција во јуни, на париската модна недела за мажи, каде ќе ја претстави линијата за сезоната пролет-лето 2018.
„Луѓето не сакаат да купуваат марка, туку сакаат да купуваат идеја", изјави О'Ши за магазинот BOF за концептот зад новиот бренд.
Според најавите, основната естетика на SSS World Corp, ќе биде базирана на миксот помеѓу уникатноста на уличниот стил и луксузниот сензибилитет, а исто така ќе бидат застапени и впечатливи принтови и графика за која ќе биде задолжен Бени Робинсон, инаку пријател на O'Ши, кој исто така и го редизајнираше логото на Бриони кога Џастин беше на челната позиција во овој бренд.