Ве прави ли огледалото подебели?

23 јануари 2015

anorexia-mirror

Секоја жена сака да изгледа убаво. И тука нема проблем. Но, честопати слушаме реченици од типот „Не е точна вагата“, „Од вода ми се фаќа“, или пак, „Огледалото здебелува“. Е токму затоа во САД имаат еден нов тренд, наречен „Слаби огледала“. Бутиците и продавниците ги купуваат за нивните купувачи да изгледаат што подобро. Огледалата можат да се купат по цена помеѓу 165 и 5.500 долари и како пренесуваат странските медиуми, можат да направат да изгледате и до пет килограми послаби.

Инаку, овој производ е уште од јануари 2013 година, а компанијата што ги произведува имала за цел да ги продава директно на купувачите. Но, на популарност добиле во помалите бутици и продавници за облека.

article-2378768-1B0030EC000005DC-472_634x857

Изумителката на овие „слаби огледала“, Белинда Јасмин, дошла на оваа идеја откако открила дека нејзиното старо огледало ја правело подебела отколку што таа навистина е, па одлучила да направи едно кое на жените ќе им помогне да изгледаат и да се чувствуваат подобро во врска со своето тело.

Едно истражување во Шведска покажало дека во бутикот во кој се користат вакви огледала, продажбата пораснала дури за 20 проценти, а дури 86 купувачи биле неверојатно задоволни со она што го гледаат во огледалото.

Зошто жените се „палат“ на вакви огледала? Тоа што го гледате е лага. Во бутикот ќе бидете пет килограми послаби, но дома повторно ќе изгледате така како што изгледате. Генерално, зошто ни се потребни такви (не)утешителни оправдувања? Го барате виновникот во сè, само не во себе.

mirror

И да ве прави подебели огледалото, сигурно не ви додава драстичен број килограми. Значи – такви сте какви што сте! А доколку не ви се допаѓа тоа што го гледате, тогаш поработете на себе.

Ако немате време за вежбање – најдете го. Ако пак, и тоа не можете да го најдете, тогаш поработете на исхраната, на течностите што ги внесувате, пешачете, качувајте се и симнувајте по скали, наместо со лифт... Искористете сè што можете, резултатот ќе се прикаже. Во „Слабите огледала“ можам да најдам само оправдување во мотивацијата за тоа како сакате да изгледате.

o-FITTING-ROOM-MIRROR-570

Нема ништо подобро од тоа да бидете реални. Затоа што кога ќе сте реални за тоа колку килограми имате (без разлика дали се работи за вишок или недостаток на килограми), толку подобро можете да го решите проблемот. Можеби и во нашите бутици и продавници имаме „слабо“ или „дебело“ огледало, но не лажете се. Почнете да работите на случајот. Нека вашиот омилен одраз во огледало стане реалност.

И да, ова важи и за мажите!

Man sees other self in mirror

Објавено:
23 јануари 2015
Категорија: 
Актуел