Ирина Шајк, Вини Харло, Ешли Грем, Ева Херцигова, Каролин Марфи, Александра амбросио, Стела Максвел, Халима Аден се само дел од моделите кои се вклучија во првата „онлајн ревија“, односно ревија од дома.
Познатата уредничка Карин Ројтфелд, која инаку секоја година е задолжена за организацијата на амФар Галата која се одржува после Канскиот филмски фестивал, реши да направи спој на забава и корисност.
Имено, таа ги повика моделите да се подготват во своите домови и заеднички да успеат да направат модно шоу од кое ќе се одржи онлајн, а со цел собирање средства за борба против вирусот Ковид -19.
„Ова не е само за забава. Ова е нешто што го правиме за да собереме пари за добра кауза и да ја ја ставиме насмевката на лице. Денеска, јас не сум модна икона. Моите икони се докторите, сестрите, жената што работи во продавница“, изјави Ројтфелд.
Во видеото во продолжение погледнете како се реализираше онлајн ревијата од дома.