Молчелива или замолкната? Ова е едно од прашањата кои Опра Винфри и' ги поставува во специјалното и интригантно интервју кое премиерно треба да се прикаже на 7.март.
View this post on Instagram
Во текот на вчерашниот ден, познатата водителка Опра Винфри објави видео во форма на краток трејлер со секвенци од интервјуто.
Може да се забележи дека во дел од интервјуто, Опра разговара само со Меган, а подоцна се приклучува и принцот Хари.
View this post on Instagram
Убавата трудница изледа прекрасно во црн Армани коктел фустан со везени цветови на едното рамо кој чини 4.700 долари.
Интервјуто ветува многу, особено бидејќи ова е прв пат двојката да даде интервју, по она во 2017 година, веднаш по свршувачката. Освен тоа, Опра нагласува дека ниту едно прашање не е забрането во разговорот. Додека во најавата не се слуша како Меган одговара на ниту едно прсшање, по погледот во нејзините очи може да се забележи дека се разговара за чувствителни теми, за краткиот период кога беа дел од кралското семејство и за неподносливиот живот, Хари од друга страна, се појавува со една кратка изјава: Не сакав да се повтори историјата.
View this post on Instagram
,,Многу сум среќен што седам тука со тебе, со својата сопруга покрај мене. Не можам ниту да замислам како и било на неа(принцезата Дијана) да го минува сето ова сама. За нас беше неверојатно тешко, но барем се имавме еден со друг" вели принцот.
Интервјуто е однапред снимено, а ќе се прикаже премиерно на 7. март.