Во шопинг со Кери Бредшо
•
25 јануари 2014
Под мотото „Kупувајте заедно со Сара Џесика Паркер“, за секоја жена која сонува барем еден ден да отиде на шопинг со фамозната Кери Бредшо, ова е одлична шанса. За да ја промовира својата нова линија на чевли Сара Џесика Паркер се здружи со Нордстром за нејзината серија настапи низ нивните продавници ширум светот.
Мултиградската турнеја започнува на 28 февруари, датумот кој што е предвиден и за официјална промоција на линијата. На втори март Паркер ќе биде ќе ги поздрави своите фанови и потенцијални купувачи на Вест Бродвеј 372, а од 5 март, па се до 9 март нејзината колекција обувки ќе биде изложена во сите продавници на Нордстром во Сиетл, Лос Анџелес, Чикаго, Мајами и Далас.