„Во Синило те намамив“ изложба на современ накит во Музеј на град Скопје

14 мај 2014

Коралните океани, бескрајното небо и брзите реки, се инспирацијата на младите дизајнерки на накит Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска, кои на 22 мај во Музејот на град Скопје со почеток во 20.20 часот ќе ја репризираат изложбата на нивните креативни дела, насловена „Во Синило те намамив“, откако ја претставија минатото лето во Охрид.

 

Фасцинацијата од синилото е силна инспирација и одредница во создавањето на уникатните парчиња современ накит, a  доколку сте љубители на специфичните  изработки, овој настан ставете го во вашата план агенда.

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Актуел