Најголемата бунтовничка меѓу највлијателните икони на стилот, Ајрис Апфел, вчера го славеше 101-от роденден.
„Кој би помислил..." само кратко напиша под роденденската фотографија која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил.
И навистина, многу фантастични приказни кружат околу нејзиниот живот и нејзината личност и фактот што со 101 година таа е една од највлијателните и ангажирани фигури во модниот свет, ја сместуват меѓу легендите.
View this post on Instagram
Ајрис Апфел е родена њујорчанка, била сведок на радикални трансформации на градот во секој сегмент вклучително и од аспект на стилот на неговите граѓани. Па на прашањето: дали ви недостасува старата модна сцена во Њујорк, во една прилика за интервју за „The Talks" таа одговара:
-Имаше величествена модна сцена и мислам дека повеќе не е таква. Ако прошетавте по Петата авенија во 50-те или 60-те, сите изгледаа толку убаво. Сега ако си педантен и добро облечен, изгледаш како „фрик". Беше еден сосема поинаков свет. По војната, Диор го донесе „новиот изглед". Тој правеше облека со волуменизирани здолништа и го врати духот на модата. А политичката клима, економијата, општествените навики – сето тоа се рефлектира на модата.
Ајрис Апфел во третата доба од својот живот стана особено популарна кај дизајнерите, има снимено бројни кампањи и реклами за повеќе луксузни брендови, модниот свет е фасциниран од нејзината агилност, стил и страст за животот, а за сите нас е вистинска инспирација.
Во март годинава, H&M реализираше специјална колекција инспирирана од неа и нејзиниот маркантен стил во експлозија од бои, принтови и атрактивни еклектични стилски миксови.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram