Престижните колекции на најпознатите дизајнерски имиња, ќе бидат претставени на модната недела за висока мода во Париз, а шоуата стартуваат од денес со презентирањето на колекциите од сезоната есен 2013/14 година. Луксузните креации први ќе ги претстави модната куќа Версаче, додека од понеделник на пистата ќе зачекорат моделите ангажирани од дизајнерот Кристоф Џос.
Следното шоу е резервирано за холандскиот дизајнер Ирис Ван Херпен која има наклонетост кон мешање на науката со модата и несомнено ќе претстави уште еден моден футуристички обид, за потоа Џамбатиста Вали да го затвори денот со автентичен италијански гламур. Веќе во вторник е ревијата на Шанел , кога и се очекува да се појават голам број на познати имиња, како во публиката така и на писта. Следниот ден ќе биде спектакуларен исто како и предходните и ќе отпочне со добро познатите бајковидни фустани од Ели Сааб, како и чудесниот моден свет на Жан Пол Готие. Во меѓувреме дизајнерското дуо Виктор и Ролф прават голем кам-бек со колекција од висока мода а со тоа и четвртиот ден ќе биде затворен со уни-секс колекциите на Хурани и Зухаир Мурад.