Втора соработка на Соланж Ноулс и Пума

29 ноември 2014

Додека преговорите со Ријана сеуште траат, спортскиот бренд ја лансираше капсулната колекција за есен/зима 2014 – 15 година, во соработка со сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс. За оваа потреба, пејачката направи редизајн на познатите патики 90 XT2 Plus, а резултатот се два нови модели, во различни нијанси и графика.

На овој проект Соланж соработуваше со Марсел Герлан, Хишам Хароч и Даниел и Лизи Окпо. „Ова беше навистина несекојдневно и убаво искуство. Имав апсолутна слобода да ја истражам мојата креативност. Соработката со Пума беше вистинска стимулација, едноставно уживав во мојата улога“ – изјавила 28 годишната пејачка.

Колекцијата од денес е официјално пуштена во продажба.

Преземено од Cromoda
Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Актуел