The Weeknd е новата ѕвезда на H&M

2 ноември 2016

Популарниот музичар The Weeknd ќе биде главната ѕвезда во кампањата за машката колекција на шведскиот бренд H&M за пролет-лето 2017.

Во колекцијата ќе бидат застапени и парчиња дизајнирани во соработка со брендот на пејачот XO. Во најавата што тој ја објави на неговиот Инстаграм профил, откри како ќе изгледа една бомбер јакна која ќе се најде во новата колекција.

Инаку на своето матично поле, пејачот исто така работи со полна пареа. Веќе на 25-ти ноември се очекува да излезе и неговиот нов албум.

 

Објавено:
2 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
114 пати