За само пет часа: H&M од старата облека на купувачите ќе создава нова

14 октомври 2020

Шведскиот бренд H&M смисли нов начин на рециклирање облека. Имено, на жителите на Стокхолм ќе им биде достапна опцијата во H&M да ја однесат својата стара облека, и доколку сакаат од неа да им биде создадена нова.

Новата програма е достапна од оваа недела. Купувачите можат да донесат облека која веќе не им се допаѓа, не им е точна или едноставно веќе не ја носат, а специјален тим во рамки на H&M ја презема, чисти и ја става во машина наречена Looop. Машината ќе ги „распарува“ парчињата облека и ќе ги претвори во влакна кои подоцна се користат за создавање ново парче.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm) onOct 13, 2020 at 12:36am PDT

Од брендот велат дека процесот на рециклирање, кој може да вклучи и повеќе од едно парче истовремено, не користи вода или хемикалии. Понекогаш е потребно додавање на „одржливи извори“ на сирови материјали, но се трудат и се надеваат дека со текот на времето таа потреба и уддел во процесот ќе биде се' помал. 

Целиот процес на рециклирање трае околу пет часа, а на истиот можат и купувачите да посведочат.

За сега, купувачите ќе можат да одберат еден од трите парчиња кои се (ре)создаваат од старата облека - џемпер, бебешко ќебенце или шал, а можат да го купат по цена од 11 до 16 долари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm) onOct 13, 2020 at 8:25am PDT

Од H&M за „Си-Ен-Ен“ велат дека системот засега е достапен само во Шведска, а одбиле да кажат дали ќе се прошири и во други центри. 

Иако системот Looop може да помогне во ширењето на свеста за текстилниот отпад и рециклирање, засега му недостасува обем за да може да има широко распространето влијание врз количеството текстилен отпад што се создава на годишно ниво.  

Според податоците на Environmental Protection Agency, во 2017 година (тоа се последни достапни податоци) во САД имало 16.9 милиони тони текстилен отпад. Стапката на рециклирање изнесувала само 15.2 проценти, односно само 2.6 милиони тони биле рециклирани.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm) onOct 14, 2020 at 12:09am PDT

Инаку, ова не е прва ваква акција на шведскиот бренд. Уште пред неколку години, неколку пати во текот на годината, купувачите можеа во нивните продавници да донесат стара облека, за што добиваа ваучер со кој можеа да си купат нова облека од H&M, а старата се користеше за рециклирање или донирање на кризни подрачја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm) onOct 11, 2020 at 2:04am PDT

 

Објавено:
14 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
940 пати
Тагови: 
H&M рециклирање