Изминатиов викенд помина во знакот на доделувањето на Teen Choice Awards, кое се одржа во Лос Анџелес. Но, она за што денеска се зборува не се наградите, туку изгледот на Зендаја и ќерката на Мајкл Џексон, Парис.
Зендаја го привлече сето внимание појавувајќи се на црвениот килим во шик пижама со металик риги и фризура со кадрици. Лежерниот изглед го надополни со жолти сандали и уште еднаш потврди дека заслужено е прогласена за една од модните икони на новата генерација.
Инаку, на манифестацијата, таа ја освои наградата за најдобра актерка, а номинацијата ѝ ја донесе учеството во новото продолжение за „Спајдермен“.
Од друга страна пак, Парис Џексон ги изненади сите со новата фризура. Од блондинка, таа е сега секси бирнета.
На црвениот килим се појави во летна, лелеава креација со цветен принт од брендот „Цимерман“, која ја искомбинира со беж сандали и неколку везени алки. Таа пак беше номинирана во две категории – за најсекси девојка и за најдобар модел. Иако не освои ниту една награда, Џексон се заблагодари преку социјалните мрежи за номинирањето и за гласовите.
Инаку, кога се наградите во прашање, меѓу наградените се најдоа и Крис Пине, Гал Гадот, Ема Вотсон, Лук Еванс, Елен Деџенерис, Аријана Гранде, Хари Стајлс, Келвин Харис, Бијонсе, а за кои категории, како и комплетната листа на номинирани и победници можете да ја видите тука.
А во продолжение погледнете ги и останатите фотографии од црвениот, односно синиот килим:
фото извор: eonline.com