Живанши во одбрана на фустанот на Ким Кардашијан
•
10 мај 2013
Во интервју за светски познат моден магазин, Тиши објаснува дека навредите упатени на сметка на Ким, која ја компарираа со Ѓ-ѓа Даутфаер, голема „софа“, Хомер Симпсон, се само зли јазици, зашто и фустанот и личноста што го носи изгледаат одлично и соодветно на темата на манифестацијата.
-Јас ја обожавам Ким! Тоа што наскоро ќе стане мајка е фантастично. Сакав да бидам доследен на нејзиниот стил,имав одврзани раце да креирам што сакам, зашто Ким безусловно ми верува. Низ моето минато сум облекол многу бремени жени, а за мене бременоста е најубавата работа на светот и токму поради тој благороден момент избрав цветен дезен за Ким. Таа е најубавата бремена жена со која досега сум работел, изјавил Тиши.