Жизел Бундшен е ново заштитно лице на Chanel N°5

26 мај 2014

Модната куќа исто така ја обнови соработката со австралискиот режисер Baz Luhrmann, познат по својата екстравагантна имагинација, па тој ќе се потпише на новата рекламна кампања за парфемот Chanel N°5.

Режисерот последен пат има соработувано со Шанел во 2004 година кога Никол Кидман го рекламираше овој парфем, а изборот на Жизел за ново заштитно лице не е изненадување, ако се земе во предвид фактот дека таа има големо искуство во модата и изгледа феноменално во секој поглед. Новата кампања би требало да биде готова до крајот на годината.

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Актуел