Жизел Бундшен остана без телохранители
•
18 ноември 2013
Двата сега веќе поранешни телохранители се обвинети за обид за убиство на двајца фотографи кои во 2009 година сакале да ја сликаат манекенката за време на нејзината венчавка со Том Брејди.
Телохранителите се осудени на 5 години затворска казна и треба да им платат на фотографите по 10. 000 долари како паричен надомест за претрпената штета. Конечната одлука за инцидентот кој се случил во Костарика во април 2009 година се реши денеска.
Но Жизел и нејзиниот сопруг имаат сосема друга страна на приказната. Тие тврдат дека забележале двајца непознати луѓе во дворот од куќата и дека им наредиле на телохранителите да видат кои се. Чудно во целата ситуација е што тие тврдат дека нивните телохранители никогаш не носеле оружје со нив.