Супермоделот Жизел Бундшен ја краси мартовската насловна страна на инталијанскиот Вог. Прекрасната 42 годишна бразилка позира во црвен фустан на Валентино, а носи и црвена перика.
Ги нема нејзините препознатливи локни, а недостасува и природноста што многу често ја потенцира.
На дел од останатите фотографии Жизел го добива својот лик додека на еден ноншалантен начин флертува со камерата.
Ја гледаме и како блондинка, но и како бринета во стајлинзи од многу познати модни куќи како Долче и Габана, Бурбери, Армани, Фенди...
Мрежесто здолниште, јакна од јагнешка кожа, сатенско палто, секси долна облека во различни бои, а да не го заборавиме и впечатливиот накит што го носи речиси на секоја фотографија.
Бундшен уште еднаш потврдува дека е вистинска модна икона, независно од стајлингот.
Фото: Vogue.it